Автомобил излета од патот во близина на скопска обиколница - две момчиња однесени на Клиника

Двајца млади скопјани се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера наутро во 07:50 часот било на скопската обиколница, во близина на клучка „Стајковци“.

Како што информираше МВР патничко возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот С.И. од село Арачиново, скопско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот и сопатникот С.И.(20) од село Арачиново се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

27.01.2022 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега