Автомобил падна во Охридско Езеро

Паркиран автомобил на карпест предел во близина на плажата „Горица“ заврши во Охридско Езеро. Автомобилот со охридски таблици е паднат меѓу комплексот вили и плажата „Горица 3“.

 Извлекувањето на возилото со помош на брод и сајли, траело неколку часа. Автомобилот е марка „Тојота“.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека засега не е познато како дошло до несреќата, но потенцираат дека во возилото немало никој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.06.2020 - 23:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега