Автомобил се преврте во река, нуркачи ги вадеа безживотните тела - Страшна несреќа во Хрватска

 

Ужасна несреќа синоќа ги потресе Хрватска, но и регионот, кога во близина на градот Подградина, три лица заминаа во смрт.

Според податоците објавени од хрватските медиуми, во 23:03 часот, полицијата добила повик дека возило излетало од патот и завршило во коритото на реката Мала Неретва, каде веднаш се упатиле полицијата, Брзата помош и нуркачи. 

Возилото било превртено во реката, а за жал нуркачите можеле само да ги извадат безживотните тела на три лица, родени 1977, 1948 и 1964 година, сите жители на селото Комин, кои биле на задното седиште на автомобилот.

- „Во коритото на реката Мала Неретва, нуркачите пронајдоа возило превртено на покрив. Со помош на кран за влечење, автомобилот беше извлечен од реката во 01:30 часот“, соопшти полицијата.

Телата се предадени на обдукција, се очекуваат повеќе детали за несреќата.

 

08.05.2025 - 08:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега