Автомобил се заби во камион: Две лица тешко повредени на патот Кочани-Делчево

Две лица се тешко повредени откако се судриле камион и автомобил на патот Кочани-Делчево.

Во 11.40 часот на магистралниот пат Кочани - Делчево, на место викано „Каменолом-Драка“, атар на Виница, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „нисан“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 71-годишниот В.С. од Делчево и товарно возило „форд транзит“, со кочански регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот Д.С. од Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.С. и сопатничка од истото возило, 67-годишната Ј.С. по што биле пренесени во Медицинскиот центар во Кочани за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од Полициската станица Виница.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега