Автомобил удри во велосипед - маж веднаш однесен на Клиника

 

Маж се здобил со тешки телесни повреди откако автомобил удрил во него додека возел велосипед. Како што информира МВР, вчера во 19:00 часот на локален пат за с.Пирок, тетовско, патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот С.С.Х. од село Пирок удрило во велосипед управуван од 60-годишниот Л.З. село Пирок. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на незгодата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2019 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега