Автомобил удри во велосипед, тешко повредена скопјанка


Вчера во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Македонија“ и бул.„Св.Кирил и Методиј“ патничко возило „тигуан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.З.(51) од Скопје, удрило во велосипед управуван од Х.П.(33) од Свети Николе.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.П., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

30.03.2024 - 11:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега