Автомобил удри во велосипед во Скопје - малолетник тешко повреден

 

Малолетник се здобил со тешки телесни повреди во Скопје откако во велосипедот со кој управувал удрил автомобил.

-Вчера во 16:50 часот на регионален пат Гостивар-село Србиново патничко моторно возило „голф“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 20-годишниот Д.С. од село Страјане удрил во велосипед управуван од 17 годишен малолетник од Гостивар. По незгодата велосипедистот бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местотот на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2020 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега