Автомобил удрил во битолчанка- со тешки повреди жената пренесена во болница

 

Вчера попладне автомобил удрил во пешак во Битола, по што пешакот веднаш бил пренесен во болница со тешки телесни повреди.

Според пријавеното во 17.56 часот било пријавено дека во Битола на уллица„Филип Втори Македонски“, патничко возило „хјундаи“, со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Е.(29) од Битола, удрило во пешакот Е.И.(45) од Битола.

Во незгодата Е.И. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Општата болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега