Автомобил удрил во дете на велосипед во Прилеп - возачот избегал

Малолетен велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил, а возачот избегал.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 18.45 часот на бул.„Гоце Делчев“ кога неидентификуван возач со патничко возило удрил во велосипед управуван од малолетник од Прилеп и избегал.

Малолетникот со тешки телесни повреди бил пренесен во Градска болница Прилеп.

„Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на расчистување на случајот“, соопшти МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2021 - 11:47
Фото: 
Макфакс

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега