Автомобил удрил во пешак- маж заврши во кумановската болница

Пешак со тешки повреди бил пренесен во болница во Куманово,откако во негоудрил автомобил.

-Вчера во 12.10 часот на крстосница од ул.„Драган Стопаревиќ“ и „Васил Драгомански“ во Куманово патничко моторно возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А.(43) од Куманово, удрило во С.Д.(73) од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош- се вели во извештај од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.09.2019 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега