Бајден повторно ги воведе ограничувањата за патување

Американскиот претседател eо Бајден во понеделникот потпиша указ со кој повторно се воведуваат ограничувања за патувања од 26 европски земји – членки на Шенген, Ирска, Велика Британија и Бразил.

 

Ограничувањата значат дека патниците кои не се од САД, кои биле во една од овие земји во последните 14 дена, не можат да влезат во САД.

„Поради влошената пандемија и ширењето на заразни видови на коронавируси, не е време да се укинат ограничувањата за меѓународно патување“, рече портпаролот на Белата куќа Jен Псаки на прес-конференција.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп нареди укинување на тие мерки на крајот на неговиот мандат, што требаше да стапи на сила во вторник, на 26 јануари. Сепак, Бајден ја укина одлуката на Доналд Трамп, па ограничувањата продолжуваат да важат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2021 - 23:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа