Бајлс: Вие му овозможивте на доктор Насар да нè злоупотребува

Славната американска гимнастичарка Симон Бајлс, заедно со неколку колешки од репрезентацијата, минатата недела сведочеше пред Сенатот за годините во кои сексуално биле злоупотребувани од некогашниот доктор на репрезентацијата, Лери Насар.

„Не сакам никогаш повеќе некоја гимнастичарка да помине низ ужасот низ кој поминавме ние“, рекла во текот на сведочењето 24-годишната Бајлс.

Поради бројните тужби, Гимнастичарскиот сојуз на САД се наоѓа пред банкрот. Организацијата минатиот месец се обврза жртвите на злоупотребата на докторот Насар да ги обесштети со 425 милиони долари.

Бајлс рекла дека не ѝ е жал што оваа организација практично повеќе нема да може да функционира.

„Сакам да бидам јасна, го обвинувам Насар, но го обвинувам и целиот систем кој му овозможи да го прави тоа. Лузните од тие ужаси и понатаму стојат“, ги пренесеува зборовите на Бајлс, „Јаху“.

Симон Бајлс е една од најтрофејните гимнастичарки во историјата. Во кариерата на светските првенства и олимписките игри освоила вкупно 32 медали.

Макфакс

 

22.09.2021 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа