Балкански туризам во време на корона: Истот јадење во Албанија два пати поевтино отколку во Хрватска

Не е проблем да се влезе во Црна Гора бидејќи поради туристичката сезона релаксирани се сите мерки.

Црногорците тоа можат да си го дозволат затоа што имаат низок број на заразени и вакцинирано третина од возрасното население. Но, за да работите во туризмот било потребно да се вакцинирате, се вели во прилогот на РТЛ Денес.

За разлика од Албанија, во продавниците и банките се носат маски. На мерките се внимава, но исто така се користи се што е можно од сезоната.

Топка сладолед во Албанија чини 0,4 евра, во БиХ 0,8, во Црна Гора 1,06, а во Хрватска 1,33 евра. Кога ќе се спореди цената на рижото од морски плодови, најскапо е во Хрватска 10 евра, а најевтино во Албанија каде чини 5 евра. Во БиХ мора да платите 7 евра, а во Црна Гора 8 евра.

Иако Хрватска е поскапа од останатите земји, мора да се истакне и дека нивната комунална и туристичка инфраструктура е далеку поразвиена па затоа цените имаат своја оправданост.

Според мислењето на новинарката на РТЛ Денес, најдобо е да се летува во Будва.

20.07.2021 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа