Банда Сиријци уапсени во Велес

Велешката полиција открила поголема група Сиријци кои се криеле во автобус кој патувал од Гевгелија кон Куманово. Граѓанин на Градско ги пријавил странците, и веднаш потоа следела полициската акција за нивно апсење.

Сиријците кои нелегално ја минале грчко-македонската граница, изјавиле дека имале намера нелегално да заминат во некоја од земјите во Европската унија. Тие биле пренесени во Прифатниот центар во Скопје. 

Ова е трета група на мигранти кои се откриени во Велес во последниве месец дена.