Бебе од Србија почина во болница во Виена: Мајката го донела со скршеници

Тримесечно бебе почина во Виена, чии родители биле од Србија.

Тие биле приведени по смртта на детето, бидејќи се претпоставува дека бебето починало како последица на траума. Бебето во болница го донела неговата мајка, а лекарите веднаш констатирале дека детето има неколку скршеници.

Бебето веднаш било префрлено во АКХ, каде лекарите се бореле за неговиот живот, но за жал, сите нивни напори и обиди биле неуспешни бидејќи повредата на мозокот што ја имало детето била повеќе од сериозна.

Бебето се родило на крајот на ноември 2023 година. Под истрага се 29-годишниот татко и 26-годишната мајка. Наводно има и докази дека бебето претрпело тешка траума, како и дека имало скршеници. Наредена е обдукција на телото. Родителите имаат и двегодишна ќерка која моментално е сместена во згрижувачко семејство.

10.02.2024 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега