Бебе заразено со коронавирус во Македонија

Бебе на возраст од неколку месеци е заразено со коронавирус, јавува „Слободен печат“, повикувајќи се на извори од Министерството за здравство.

Во извештајот на Институтот за јавно здравје, во кој на дневно ниво се соопштува возраста на заболените, денеска е заведено дека таа се движи од 0 до 91 година.

Претходно, најмалиот пациент заразен со Ковид-19 имаше две години.

Министерот за здравство Венко Филипче, на една од претходните прес конференции запрашан за тоа како коронавирусот ги афектира новороденчињата, рече дека во научните студии досега не е пронајден случај на вертикална трансмисија на вирусот од мајката на бебето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега