Бејрут: Расте бројот на настрадани, но и бесот на населението

Народот во Либан бараат правда откако во експлозијата загинаа најмалку 137 луѓе, а над 5.000 се повредени.

Жителите на Бејрут се бесни на Владата поради, како што велат, небрежноста која во вторникот доведе до експлозија на пристаништето.

Претседателот Мишел Аун соопшти дека експлодирале 2.750 тони амониум нитрат, кој бил складиран на небезбеден начин.

Многумина ја обвинуваат власта за корупција и лошо раководење.

Во експлозијата настрадаа најмалку 137 луѓе, а повеќе од 5.000 се повредени. Од средата во сила е двонеделна вонредна состојба во главниот град.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2020 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега