Бејрут: Уапсени 16 вработени во пристаништето

Либанските власти уапсија 16 лица во рамки на истрагата за експлозијата во центарот на Бејрут, јави државната агенција ННА.

Судијата Фади Акики, владин претставник во воениот суд, рече дека до сега се испрашани повече од 18 царински и пристанишни службеници и лица одговорни или вмешани во работата на одржување на складиштето во кое експлодираше амониум нитрат, пренесува Ројтерс.

„Уапсени се 16 лица како дел од истрагата“, рече Акики, без да ги именува уапсените.

Додаде дека истрагата која почнала набрзо после експлозијата во вторникот вечер, продолжува.

Во експлозијата во пристаништето во центарот на Бејрут загинаа повеќе од 135 лица, а потврдено е дека над 5.000 се повредени, но се стравува дека бројот на жртвите е поголем.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2020 - 23:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега