Бектеши: Честитки до поглаварот на МПЦ-ОА и сите верници, политиките на добрососедство се од голема важност за целиот регион
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска упати честитки до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан и до сите граѓани од православна вероисповед по повод едногласно донесената одлука од соборот на Српската православна црква за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.
-Политиките на добрососедство се од голема важност за целиот регион. Само со градење на добрососедство можен е напредок на целиот Балкан.Честитки до МПЦ и сите православни верници кои што долго време ја чекаа оваа одлука, се вели во честитката на министерот Бектеши.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа