Бектеши: РКЕ ги одзеде сите лиценци на БЕГ согласно законските прописи во државата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на главна седница донесе одлуки со кои престануваат да важат одлуките за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност снабдување, односно дистрибуција на топлинска енергија на компанијата БЕГ.

Крешник Бектеши преку статус на Фејсбук порача дека РКЕ ги одземала сите лиценци на БЕГ согласно законските прописи.

„РКЕ ги одзеде сите лиценци на БЕГ согласно законските прописи во државата, за снабдување и дистрибуција со топлинска енергија на Град Скопје и општините.
Согласно Законот за енергетика откако РКЕ ќе ја информира Владата, ќе биде објавен јавен повик за избор на нов вршител на дејност за снабдување со топлинска енергија.
Град Скопје има формирана компанија за оваа намена, која има вработени и може да ја обавува ова дејност.
Согласно член 151 од Законот за енергетика единиците на локалната самоуправа (во случајов Град Скопје) имаат законска должност да обезбедат сигурно, безбедно и непрекинато и квалитетно снабдување со топлинска енергија на домаќинствата.
Сакам да ги повикам надлежните во локалната самоуправа кои со Закон имаат обврска да се грижат за граѓаните да аплицираат на јавниот повик и да си ја превземат одговорноста која имаат согласно Законот“, напиша Бектеши.

 

27.06.2022 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега