Бектеши: Утре скопјани нема да се разбудат со ладни радијатори

Министерот за економија, Крешник Бектеши вечерва на прес-конференција информира дека проблемот со топлинската енергија во Скопје и општините е решен.

-Домаќинствата ќе имаат непрекината испорака на парно греење. На денешната седница донесовме уредба во делот на критериумите и условите за прогласување кризна состојба на пазарот на топлинска енергија. Владата ќе обезбеди финансиски средства со кои ќе се субвенционираат сметките за топлинска енергија на сите граѓани кои ја користат, објави Бектеши.


Министерот наведе ќе се формира комисија која ќе предложи мерки, во која ќе се бараат и предлози од ЗЕЛС.

-Нашата цел се граѓаните и жителите да се снабдуваат со парно. Има закони во оваа држава. Надлежностите во топлинската енергија се кај градот Скопје и кај нив треба да се бараат одговорите. Ние како Владата успеавме да најдеме решение во вакви тешки времиња. Утре и понатаму во текот на грејната сезона, скопјани нема да се разбудат со ладни радијатори, додаде Бектеши.

14.01.2022 - 19:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега