Белгиско село освои околу 143 милиони евра на групна лотарија

 

Во белгиското село Олмен, 165 луѓе освоија 142.897.164 евра на лотаријата „EuroMillions“ оваа недела, најголемата групна добивка во Белгија досега.

Портпаролот на “EuroMillions“ изјави за Ројтерс дека е првпат голема група да освои толку многу пари, при што се проценува дека секој поединец добива по речиси 900.000 евра без данок.

Селото Олмен има вкупно 3.785 жители, според последните податоци од 2020 година, а Ројтерс пренесува дека победниците се од различни сфери и возрасти.

„EuroMillions“ е игра на среќа на националната лотарија која се организира во соработка со лотарии од Шпанија, Португалија, Ирска, Австрија, Швајцарија и Луксембург.

09.12.2022 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа