Белорускиот активист Виталиј Шишов е пронајден обесен во парк во Киев

Директорот на невладината организација која им помага на луѓето кои избегаа од Белорусија, Виталиј Шишов, е пронајден обесен во парк во Киев, соопшти денеска полицијата, наведувајќи дека е отворена истрага за убиството.

„Белорускиот државјанин Виталиј Шишов, кој вчера исчезна во Киев, денеска е пронајден обесен во еден од парковите во Киев, во близина на местото каде што живеел“, се вели во соопштението на полицијата.

Шишов, директорот на Белорускиот дом во Украина, во понеделник наутро замина на трчање, но не се врати.

Центарот за заштита на човековите права Весна објави дека пријателите на исчезнатиот активист изјавиле дека тој претходно бил следен од „непознати лица“.

Многумина избегаа од Белорусија од репресија, главно во Украина, Полска и Литванија.

 

03.08.2021 - 22:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа