Бени Шаќири: Со Шилегов сме само познаници, нема да ги добие моите гласови

Со акутелниот градоначалник, Петре Шилегов сме познаници, не сме пријатели, изјави музичарот Арбен Бени Шаќири, кој е кандидат за градоначалник на Скопје на ДОМ и ЛДП. Тој вели дека Шилегов бил самобендисан и оти во вториот круг не би ги добил неговите гласови, иако Шилегов јавно рече дека Бени му е другар и дека неговите гласови ќе ги добие во втор круг.

-Најмногу ми пречи лицемерието, пасивен беше три и пол години и сега прави офанзивна во последните месец дена. Од првиот ден треба да се засукаат ракавите, не постои проект на кој му требаат 10 и повеќе години. За помалите проекти не постои нешто што не може да се заврши од пола до една година, изјави Шаќири во „Тема на денот“ на Сител

За тоа што не успеа да стане директор на Младинскиот културен центар, иако таа функција била предвидена првично за него, Бени вели дека тоа била една „од најпаметните одлуки на Шилегов“.

-Некој мора да го води тој центар, добро е што не ме назначи Шилегов таму, тоа му е една од најпаметните одлуки. Ќе требаше да се занимавам со се, освен со културата. Таму не сакаа човек од надвор, рече Бени Шаќири.

11.09.2021 - 23:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега