БЕСА бара предвремени избори по одлагањето на стартот на преговорите со ЕУ

Секретарот на Движењето БЕСА, Аднан Азизи преку објава на својот Фејсбук профил повика на одржување предвремени парламентарни избори, откако вчера Советот за општи работи на ЕУ не одобри старт на преговорите за членство на земјава во Унијата.

Тој посочува дека „Владата е делегитимирана“ и оти „ден поскоро треба да се одржат парламентарни избори“.
 

– Датум… интеграциите… ЕУ… .процесот… нè оглувија со празни пароли, а всушност се си прават за да ја одбранат власта и да одолговлекуваат до последен момент. Нема датум – власта е делегитимирана, затоа предвремени избори ден поскоро, инаку овие можат само да не одведат во бездна, напиша Азизи.

 

15.12.2021 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега