БЕСА: Тачи има халуцинации

Движењето БЕСА преку социјалните мрежи го демантираше првиот човек на ДПА, Мендух Тачи кој по состанокот на коалициските партнери во Владата кажа дека таму имало и претставници од БЕСА.

-Повторно зборувал Мендух Тачи!? Не вреди да се коментира. И во сон му се појавува Движењето БЕСА, дотолку што има халуцинации, и кога нема претставници на БЕСА му се чини дека има. Накратко: Тачи вечерва повторно излажа како и многу пати досега, се вели во реакцијата од Беса.

10.11.2021 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега