Бесими: Повеќе средства за нашите општини

Демократската Унија за Интеграција тргнувајќи од принципот на владеење поблиску до граѓаните е гаранција за демократизација и зголемување на квалитетот на услугите кон граѓаните, ДУИ ќе продолжи силно да се посвети на унапредување на децентрализацијата на власта од централно на локално ниво, особено во однос на децентрализацијата и фискалната консолидација, изјави Фатмир Бесими од ДУИ на денешната прес-конференција.

„Делот на распределбата на ДДВ за општините се зголемува од 4,5% на 6%, истотака се зголемува и учеството на распределбата на персоналниот данок од 3% на 6% за општините“, истакна понатаму Бесими.

Според него, ќе се формира Фонд на перформанси, каде општините што успешно управуваат со буџетот ќе бидат наградени. Се формира Фонд на еднаквоста, каде општините кои се помалку развиени и коишто имаат помалку ресурси, ќе добијат повеќе средства.

„Ќе ја промениме методологијата за распределба на ДДВ во општините со зголемување на критериумот по глава на жител. Исто така, ќе бидат разгледани и изменети методологиите за распределба на други дотации од централната до локалната власт во насока на правична и фер распределба.

Општините натрупани со долгови ќе имаат можност да ги отплатат со користење на обврзници од централно ниво со рок од 10 години за отплата на долгот.

Општините кои нема да можат успешно да управуваат со буџетите, по сила на закон ќе бидат во нестабилна финансиска состојба и ќе бидат обврзани во рок од 3 до 6 месеци да ја надминат таа ситуација со искористување на можностите за купување на обврзници од Централната власт, општински обврзници кои ќе ги купи од Централната власт и “stand-by“ заеми од Централната власт“, објасни Фатмир Бесими.

Буџетот на општината ќе биде одобрен преку претходни јавни консултации со граѓаните. Проектите ќе бидат претставени пред граѓаните. Ќе бидат објавени и општинските финансиски извештаи и трансакции.

Според Бесими, ќе се формира и Агенција за регионален и локален развој, преку која ќе биде поддржан побрзиот регионалниот развој поодржувајќи различни инфраструктурни проекти.

„Агенцијата ќе се финансира од централниот буџет, но и финансиски средства од локални и меѓународни финансиски институции за финансирање на капитални инфраструктурни проекти за општините. Покрај тоа, ќе има значителна поддршка за развој на општините преку проекти на централната власт, финансирани преку меѓународни финансиски институции, преку граничната соработка, финансирана од фондовите на ЕУ и кофинансирана од државниот буџет. Со посветеноста на централната власт и локалните самоуправи, како и зголемувањето на средствата за развојни проекти, може побрзо да се влијае врз промената и подобрувањето на условите за живот во сите општини“, рече Фатмир Бесими од ДУИ.

24.09.2021 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа