Бесими во Брисел на средби со еврокомесарите Вархеји, Џентилони и Хан

Министерот за финансии Фатмир Бесими од денеска до четврток престојува во работна посета на Брисел, во рамки на која ќе оствари средби со комесарот за соседски политики и преговори за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, со комесарот за економија, Паоло Џентилони, комесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан и со заменик-генералниот директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, Мачеј Поповски.

За време на посетата, како што информираат од Министерството за финансии, ќе се дискутира за планот за економски раст, за економските реформи, како и за економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан, а во чии рамки e и Република Македонија. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2021 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа