Бесплатно замрзнување на сперма за сите руски војници кои ќе учествуваат во војната во Украина

Руските војници кои учествуваат во војната во Украина ќе имаат право на бесплатно замрзнување и складирање на спермата, објави руската државна новинска агенција Тас, повикувајќи се на синдикатот на адвокатите.

„Семејствата на повиканите на воена служба како дел од делумната мобилизација ќе добијат бесплатен пристап до третман за неплодност и складирање на биоматеријали во криобанка“, рече Игор Трунов, претседател на Рускиот сојуз на правници, кој застапува неколку парови чии сопружници се мобилизирани, наведува Тасс, пренесе CNN.

28.12.2022 - 21:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега