Без струја три општини во Скопје

ЕВН Македонија известува дека поради веќе закажани тахнички зафати во системот, без електрична енергија ќе останат дел од жителите на општините Кисела Вода, Карпош и Сопиште.

Од 09.00 – 12.00 часот без струја ќе бидат корисниците на улица „Христо Татарчев“ – подулица 22, во општина Кисела Вода.

Од 10.00 – 12.00 часот дел од улица „Востаничка“, непарни броеви околу бројот 13-б, општина Кисела Вода.

Од 09.00 – 13.00 часот дел од ул. Иван Цанкар и од 10.00 – 13.00 часот ул. Каирска, општина Карпош.

Во време од 12.00 – 15.00 часот без струја ќе бидат дел од жителите на Горно Соње, мв Под Црква, во  Сопиште.

10.08.2022 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега