Без знаци на живот извадено од водата: Болничарот Јовица спаси 15 годишно девојче во Саранда

Вчера на Градската плажа во Саранда, во Албанија, се случи инцидент. На плажата е извадена давеничка во бесознание на возраст од 15 години.

Девојчето било извадено на плажата без знаци на живот и помодрено.

На нејзина среќа, на плажата летувал нашиот болничар Јовица Ѓоргиев од Брзата помош.

Болничарот по инцидентот се огласи на својот ФБ профил. Тој пишува дека според обуките на докторите во Брзата помош, тој извршил итна реанимација која била успешна, па девојчето се освестило.

Потоа било преземено од медицинската екипа на Брзата помош во Саранда и е надвор од животна опасност.

21.07.2021 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега