Бидете внимателни: Сите ја имаат оваа навика, а може да биде смртоносна

Родителите чии деца ги игнорираат молбите да престанат да ги ставаат прстите во носот имаат сериозна причина за загриженост.

Пнеумокок, причителен за бактериско воспаление на белите дробови, инфекции на белодробното ткиво кои можат да бидат смртоносни ако не се излечат, се пренесуваат преку воздухот, односно индикациите најчесто упатуваат на кашлица и кивавица.

Британските експерти сега тврдат дека првпат докажале дека таа бактериска болест може да се пренесе и преку рацете.

Во студијата, чии резултати се објавени во магазинот „European Respiratory“, групата на возрасните испитаници велат дека пнеумкок е „размачкан“ по дланките.

Потоа добиле задача да го допрат, тријат и пипкаат носот.

-Оваа студија покажа дека бактериите можат да се шират и преку рацете, а дури и предмети како мобилен или детски играчки можат да допринесат на нејзиното ширење, изјави експерт од Ливерпул, Викторија Конор.

На глобално ниво воспалението на белите дробови секоја година усмртува околу 1,3 милиони деца помлади од пет години. Според истражувањето спроведено на возрасните, Конор наведува дека резултатите од студијата првенствено се насочени кон родителите на младите деца.

-Можеби не е реално да се спречат децата да чепкаат по носот или го тријат подрачјето на носот, но советот за родителите е – редовна и добра хигиена на рацете. Чистењето и перењето на играчките и другите површини можат да го намалат ширењето на бактериите, како и ризикот од развој на инфекции како воспаление на белите дробови, истакна Конор.

 

 

 

19.10.2018 - 21:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега