Бидете внимателни: Скопјанец доживеа тешка несреќа со електричен тротинет

Скопјанец се здобил со тешки повреди откако доживеал несреќа со електричен тротинет.

„На 22.09.2021 во 12.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Индира Ганди“, Ј.Ј.(49) од Скопје, додека управувал електричен  тротинет, паднал на коловозот. Во несреќата Ј.Ј.  се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје“, информира МВР.

23.09.2021 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа