Бијонсе потпишува нов договор со Дизни вреден 100 милиони долари

Бијонсе ја продолжува соработката со Дизни и наскоро ќе потпише договор за три нови проекти.

 

Американската ѕвезда ќе потпише договор во вредност од околу 100 милиони долари со медиумската куќа „The Walt Disney Company” со цел да соработува со нив во следните три филмови, само една година откако соработуваа на римејкот на цртаниот филм „The Lion King”.

Имено, Бијонсе таа минатата година го сними албумот „The Lion King:The Gift” за потребите на филмот.

Во трите нови проекти спаѓа песната за фимот „Црниот пантер 2“ кој во јавноста ќе излезе во 2021 година.

– Бијонсе стана главна ѕвезда, бидејќи совршено се вклопува во бендот на Дизни, најави извор близок до пејачката.

Таа прв пат со Дизни соработуваше во 2007 година за филмот „Алиса во земјата на чудата“, а во 2006 снимаше за филмовите „The Pink Panter” и „Dreamgirls” во кои толкуваше една од главните улоги.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2020 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега