Бил Гејтс во 2015: Светот не е подготвен за следната епидемија (ВИДЕО)

Може да има вирус каде луѓето ќе се чувствуваат доволно добро кога се заразени па да се качат на авион, да одат на пазар. Изворот на вирусот може да биде природна епидемија, како еболата или може да биде биотероризам.

Вака во 2015 година говореше Бил Гејтс на ТЕД конференцијата.

Тој зборуваше за вирус кој се шири во воздухот, како шпанскиот грип од 1918 година.

-Ќе се случи следното. Вирусот би се проширил низ целиот свет, многу брзо, рече тој.

Кога ќе слушнете што и како објаснува и со што светот ќе се соочи, ќе помислите дека ги предвидел случувањата од денес кога светот се бори против пандемијата од коронавирусот.

-Постојат работи кои буквално би се влошуле за 1.000 пати, рече Гејтс.

Според него, ако во минатото луѓето најмногу се плашеле од нуклеарна војна, ќе дојде време кога најголемата закана ќе биде еден вирус.

Ако нешто убие повеќе од 10 милиони луѓе во наредните неколку децинии, веројатно тоа попрво ќе биде заразен вирус, отколку војна.

Зборувајќи за еболата, која патем има многу поголема стапка на смртност од коронавирусот, вели дека најголема среќа е што таа се појавила во рурални предели во Африка, а не во градска средина.

25.03.2020 - 22:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега