Бил застрелан во глава: Убиен 49-годишен жител на Инџиково пред три члена од семејството

Според наводите на министертството за внатрешни работи, две маскирани и вооружени лица некаде пред полноќ влегле во неговиот дом, барајќи пари од убиениот, а според пријавеното, откако им кажал дека нема пари, едното лице пукало во него. Убијците го напуштиле местото на злосторството, а по истите се трага.

-М.Н. пријавила дека во двор од куќата во селото Инџиково, скопско, при расправија на две лица со нејзиниот сопруг 49-годишниот И.А. едното од нив со пиштол пукало во него. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. велат од МВР.

„Канал 5“ пак пренесува дека истрелот некаде пред полноќ го слушнале и соседите кои од безбедносни причини не сакле да говорат пред камерите, но сепак позади објективот просведочиле за ситуацијата која ги вознемирила во доцните ноќни часови. еден од соседите исплашен од истрелот веднаш истрчал надвор, а по повикот на сопругата на убиенот отишол и во нивниот дом во обид да го спаси животот на соседот.

-Беше некаде меѓу 22 часот и триесет минути. и 23 часот, го слушнав истрелот и веднаш истрчав од мојот дом, но бев уплашен за да одам натаму, стравувајќи за мојот живот. Пет минути по истрелот кај нас дотрча неговата сопруга, барајќи помош. Повикавме полиција и брза помош, а воедно отидов и во куќата да помогнам, и доколку можам нешто да направам човекот да се спаси. Но кога стигнав таму, видов дека соседот е веќе починат со прострелна рана во главата, сликата беше необјасниво вознемирувачка, - рекол за „Канал 5“ сосед на убиениот.

Починатиот се занимавал со градежништво, имал уште една куќа во Инџиково во која живеел, а во куќата каде што бил застрелан, доаѓал повремено бидејќи чувал дел од опремата со која работел. Соседите велат дека досега не забележале нешто невообичаено да излезе од ова семејство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2020 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега