Била една од најубавите жени во Хиливуд - убиена била во 9. месец од бременоста на сопствена забава

Новиот филм на Квентин Тарантино „Си беше еднаш во Холивуд“, повторно ја наведе јавноста да се заинтересира за животот и смртта на актерката која била убиена пред да стекне ѕвездена слава. Станува збор за Шерон Тејт, една од најубавите холивудски актерки на сите времиња, која во филмот ја глуми актерката Марго Роби.

Шерон Тејт била на прагот на холивудската слава, а во тоа секако ѝ помогнал бракот со познатиот режисер Роман Полански со кој чекала и дете. Се изгледало како приказна од бајките, а пристигнала и нејзината прва номинација за Златен глобус за улога во филмот „Долина на куклите“. А, потоа се случил пресврт.

 
 
 
View this post on Instagram

sharon tate, 1967 

A post shared by  (@70seuphoria) on Aug 18, 2019 at 9:20pm PDT

На 9. август 1996 година таа била избодена до смрт во нејзиниот дом, а во истиот брутален напад настрадале и гостите на забавата која ја приредила вечерта. Во нејзиниот одм упаднало „семејството“ на Чарлс Менсон и извршиле масакр кој го запрепастил светот.

Тогаш 26-годишната Шерон ги преколнувала убијците да ја земат како заробеник и да ја одржат во живот доволно долго за да го роди своето дете. Но, не ја послушале. Ја прободеле 16 пати и ја задавиле. Бебето кое било во нејзиниот стомак од раѓањето го делеле само неколку недели, но не успеало да ги преживее раните кои ги здобила мајката која се борела и за својот и за животот на детето. Сите вмешани во убиството биле уапсени неколку дена после убиството, а судењето започнало на 15. јули 1970 година. Од сите осомничени, само четворица добиле смртна казна.

Чарлс Менсон, лидерот на овој клан лично не убил никој, но смртта ја дочекал во затвор. Починал од срцев удар во 2017 година.

Шерон е една од првите актерки која се појавила гола пред камерите, што за 60-те било контроверзен потег.

 
 
 
View this post on Instagram

My Inspiration  #womencrushwednesday #SharonTate #Goals #Muse #60s #blondebeauty #valleyofthedolls #onceuponatimeinhollywood

A post shared by Rebekah Oliveira (@rebekaholiv3ir3a) on Aug 18, 2019 at 3:42pm PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2019 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега