Бислимовски: Не може да се очекува дека ќе се обезбеди температура од 24-25 степени со парно греење

АД ЕСМ потпиша договор со Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје. Според тој договор, ТЕ-ТО ќе го зголеми обемот на производство на електрична и на топлинска енергија, односно ќе работи со максимален капацитет, седум дена во неделата наместо пет дена како досега, во периодот од 5 часот наутро до 1 часот по полноќ со полна моќност, односно ќе го исполнува максимално инсталираниот капацитет од 227 мегавати. 

Така, според договореното, и во домовите на скопјани наместо до 22 часот, парно греење ќе има до 1 часот по полноќ. 

– Во однос на неиспорачана топлинска енергија односно испорачана со несоодветен квалитет, ниту еден киловат-час од оваа неиспорачана топлинска енергија нема да им биде фактуриран на потрошувачите кога ќе се прави порамнување во мај. Ние како Регулаторна комисија добивме многу поплаки од незадоволни корисници на парно греење и голем број беа надминати. Ситуацијата сега е далеку подобрена, но не може да се очекува дека ќе се обезбеди температура од 24-25 степени како што имаше во минатото – рече Бислимоски во „Утрински брифинг“.

 

17.01.2022 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега