Битиќи: Можеме и знаеме, го штитиме секое работно место, ги покачуваме платите

 

Како партија покажавме дека сме конзистентни во креиерање мерки и на политики, Сетовите мерките кои ги презедовме во време на пандемијата се долгорочни затоа што знаевме дека ќе влеземе во избори, но и ако продолжи пандемијата на есен и ако бидеме погодени од здравствена криза, стопанството ќе може адекватно да одговори. Ние ќе можеме и знаеме да се справиме, секое работно место да го зачуваме, а само така ќе продолжиме со растот и развојот, коментираше претседателот на комисијата за финансии на СДСМ, Фатмир Битиќи, во разговор за вестите на телевизија Сител.

Тој потеницира дека  во изборната програма на СДСМ во фокусот останува човечкиот капитал и креирањето модерна економија.

-Во изборната прогама сме посветени на човечкиот капитал, развојот, третирањето на човечките ресурси, тоа е модерна економија, и затоа за нас е битно секое работно место да остане, но и достоинствено да биде платено за продуктивноста и ефикасноста. Затоа нашите мерки поредвидуваат зголемување за 30 отсто на просечната плата, значи таа ќе оди до 34 000 денари, исто и на минималната плата која од 14 500  сега ќе оди на 20 000 денари, но со реална поддршка на стопанството, затоа што само така стопанството ќе може да се развива, изјави Битиќи. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 20:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега