Битиќи на прв состанок на платформата „За татковината со љубов“: Заедно да креираме одржлива економија на долг рок

Политики што резонираат со потребите на реалниот сектор и на потребите на граѓаните како  и наоѓање на системски решенија за решавање на проблемите се вредности по кои се водам при секојдневното донесување на одлуки. За да сме сигурни дека решенијата и политиките се одржливи и соодветни, сметам дека е од исклучителна важност тие да се донесени преку инклузивен процес на сите засегнати страни, потенцирал вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во своето воведно излагање на првиот состанок на Платформата  „За татковината со љубов“.

Платформата е иницирана токму од Битиќи за поголема вклученост на експертската јавност и професионалците од сите економски сфери во носењето државните политики и отворање на вратата за сите добронамерници кои сакаат да придонесат за економскиот развој на земјата. 

Битиќи посочил дека идејата на платформата е да се соберат најдобрите економски умови и преку заеднички влог да се креира иднината на земјата.

– Вредноста на инклузивноста и намерата за стратешко среднорочно и долгорочно планирање на економскиот развој е отсликана во платформата „За татковината со љубов“.  Таа ќе претставува советодавно тело кое ќе служи за доброто на државата и ќе има за цел – економски развој, креирање на предвидлива бизнис клима и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Преку оваа Платформа ќе се обединат и ќе дискутираат водечките економски експерти во земјава од повеќе различни области: макроекономија, јавни финансии, даноци, инвестиции, царина, претприемништво,  човечки капитал, стратешко планирање и др. Оваа платформа ќе биде ризница на знаење и искуство од домашни експерти и истата нема да прави поделба по политичка, родова, етничка или било каква припадност, напротив ќе спојува, создава и движи напред во насока кон одржлив и стабилен економски развој, нагласил Битиќи. 

Во ова неформално тело, како што информира Кабинетот на вицепремиерот Битиќи, поканети се да даваат мислења и да дискутираат и поранешни министри, универзитетски професори, економски експерти од граѓански организации и стопанственици, без разлика на нивната политичка наклонетост, родова или етничка припадност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2020 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега