Битиќи: Субвенционираме 80 отсто од цената на струјата за граѓаните

Владата предводена од СДСМ е посветена на обезбедување на доволно енергенси за претстојната зима, порача вечерва во емисијата „Вин Вин“ потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Битиќи порача дека државата со 80 отсто ја субвенционирлеа цената на електричната енергија за сите корисници кои се на регулираниот пазар.

„653.000 домаќинства и 70.000 приватни субјекти кои се на регулираниот пазар денес се обезбедени со субвенционирана цена на струјата, тоа е струја која 100 отсто доаѓа од домашно производство. И досега за ова субвенционирање сме потрошиле 240 милиони евра.“ посочи Битиќи додавајќи дека сите домашни капацитети се ставени во фунцкија за поголемо производство на електрична енергија.

Потпретседателот Битиќи истакна дека Владата со соседните земји постигнатнала договори за гарантиран увоз на електрична енергија и енергенси, но дека тие би се користеле само ако се исцрпат домашните извори на енергија.

22.09.2022 - 20:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега