Битиќи: Уставните измени се влезени во Собрание, враќање назад нема

Уставните измени се влезени во Собрание, уставната комисијата го поддржа предлогот за пристапување кон измени и враќање назад нема, пишува на социјалната мрежа Фејсбук, вицепремиерот задолжен за економски прашања и инвестиции, Фатмир Битиќи. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ја ризикувала нашата иднина.
„Треба да е јасно, ВМРО – ДПМНЕ ја ризикува нашата иднина, под превезот на лагата дека го штитат идентитетот. Идентитетот и јазикот се заштитени, и за тоа ги имаме сите потврди.
Не е време да се молчи, затоа што лагите во моментов се шират гласно. Вистината е – Северна Македонија во Европска Унија!
Знае и Мицковски и цело ВМРО – ДПМНЕ дека нашата земја и сите нејзини граѓани се на патот кон ЕУ и од тој пат назад не треба и нема да има. Тие впрочем не ни нудат друга опција, само прават политички пазар со нашата иднина. Тоа граѓаните го гледаат и на избори верувам дека ќе го казнат.
Уставните измени се влезени во Собрание, уставната комисијата го поддржа предлогот за пристапување кон измени и враќање назад нема. Враќањето назад е пат назад од веќе трасираниот пат кон ЕУ, пат кој последниве 30 години е стратешка определба, на сите.
Лична одговорност мора да има, сите треба да знаеме кој ќе гласа за нашата иднина а кој треба да биде обележан како политички калкулант и кој ги изневерил својот народ и држава“, пишува Битиќи на социјалната мрежа ФБ.
25.07.2023 - 19:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа