Битиќи: Владата обезбедува евтина струја од 100% домашно производство за 70.000 компании

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи кажа дека во Македонија дури 70.000 фирми се на регулираниот пазар за електрична енергија, тоа значи дека државата им ја гарантира цената и снабдувањето со електрична енергија која тие ја користат, односно се обезбедени со струја по гарантирана цена. 
 
„На слободен пазар се само останатите близу 1.600 субјекти или компании, а се на слободниот пазар бидејќи ги исполнуваат условите, односно имаат годишен промет од 2 милиони евра.  Овие компании се на слободен пазар и да се на удар, но останатите 70.000 не се. Секако, не сакам да занемарам, секоја една компанија секој еден граѓанин за Владата е битен. Но од друга страна треба да ја гледаме економската структура. Се знае дека 97,8 отсто од вработените доаѓаат токму од микро и малите претпријатија, односно овие 70.000 кои се на регулираниот пазар. Околу 3,2 отсто се од големите компании и средните компании кои се на слободниот пазар“, вели Битиќи.
 
Битиќи кажа дека тие 3 отсто од компаниите креираат навистина голем придонес во економијата и тоа го разбираат, па затоа ги прават сите напори за да нив им се излезе во пресрет.
03.10.2022 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега