Битиќи за забраната за извоз на брашно во Косово: Проблемот е технички и мора да се реши еднаш засекогаш

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи оценува дека проблемот во врска со извозот на брашно од Македонија на Косово е технички проблем што мора да се реши еднаш засекогаш. Тој во гостувањето на Алсат-М рече дека проблемот со брашното се јавува поради непризнавање на резултатите од различните лаборатории.

-Мислам дека проблемот е технички, треба да се реши еднаш засекогаш не како дел од ЦЕФТА-договорот кој ги дефинира правилата за соработка, туку како дел од регионалните иницијативи со кои сакаме да ги отстраниме сите административни бариери, што ќе ги препознае резултатите на различни земји од Западен Балкан. Само тогаш нема да дојдеме во такви ситуации. Реално, проблемот со брашното се јавува поради непознавање на резултатите од различните лаборатории. И, кое ќе биде решението, ќе има супер анализа, што ја побараа извозниците од наша страна“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.05.2021 - 23:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега