Биткоинтот го постигна врвот

Биткоинот, најголемата светска криптовалута, денеска достигна највисоко ниво во последните две години од 56.000 долари подигајќи го поширокиот криптопазар.

Цената на биткоинот порасна повеќе од 10 отсто за два дена, според податоците на CoinMarketCap, откако фирмата за криптоинвестиции и софтвер MicroStrategy објави дека во понеделникот купила приближно 3.000 биткоини за 155 милиони долари.

Компанијата со седиште во Вирџинија моментно е најголемиот сопственик на биткоини со кои јавно се тргува. Компанијата објави дека поседува речиси 190.000 токени од криптовалутата претходно овој месец, што би вредело над 10,5 милијарди долари денес.

Според Грета Јуан, шеф на истражување на платформата за дигитални средства VDX, пазарот бил „охрабрен од криптобикови, како MicroStrategy, како и новиот рекорд на приливи на Bitcoin ETF.

Акциите поврзани со крипто исто така пораснаа во тргувањето во MicroStrategy со седиште во САД и берзата за криптовалути со седиште во Сан Франциско, Coinbase.

Двете компании поврзани со криптовалути забележаа пораст на цените на акциите за 200 проценти во текот на изминатата година.

28.02.2024 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега