Битолчани не сакаат групен карантин на Широк Сокак - се плашат дека коронавирусот ќе ги фати преку отворените прозорци

Со одлука на надлежните јавни власти и со претходно одобрување за користење на хотел „Широк Сокак“ во Битола, од синоќа во овој град на контролирана изолација се група граѓани, повратници од Малта, најголем дел жители на овој град.

Битолчани бурно реагираат на социјалните мрежи поради сместувањето на заразените во хотелот. Тие сметаат дека лицата во карантин кои се во изолација поради превенција ќе ги загрозат животите на вработените во хотелот и дека коронавирусот ќе се шири преку отворени прозорци, како и дека сега Битола ќе стане ново жариште во државата, а досега немаше ни еден заразен, пренесува САКАМДАКАЖАМ.

Во соопштение до јавноста, од Општина Битола информираат дека лицата кои се во контролирана изолација имаат постојан полициски надзор, на сите им е извршен лекарски преглед и неоправдани се реакциите на социјалните мрежи во врска со одлуката за нивно сместување во централното градско подрачје.

Изолацијата која до сега беше во сопствените домови, како мерка е подобрена со изолација контролирана на ваков начин и со 24 часовен надзор, а тоа не остава можност за непочитување на мерката изолација. Никој од изолираните не претставува опасност за градот затоа што тие постојано ќе бидат надгледувани, соопштуваат од секторот за односи со јавност на Општина Битола.

Од тамошната локална самоуправа посочуваат дека треба да надвладее разумот и не е потребно стигматизирање на битолчани кои се контролирано изолирани во својот град, а се вратиле по престој во странство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2020 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега