Битолчанка тешко повредена: Разбојник и влегол дома да краде, но ја затекнал дома, па ја турнал и побегнал

 

Вчера во СВР Битола било пријавено дека околу 07,30 часот на улицата „Шар планина“ во Битола, во куќа сопственост на В.М. од Австралија, а моментално живее Е.Ѓ.(18) и нејзината баба Л.Ѓ.(68), едно лице извршило разбојничка кражба.

Според пријавеното, сторителот влегол низ незаклучената врата во куќата и во една од собите бил затекнат од Л.Ѓ. Притоа, сторителот ја турнал и избегал. Таа се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2020 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега