Бивш фудбалер на Црвена Звезда си ја застрелал поранешната сопруга

Поранешниот фудбалер на Црвена Звезда, Бојан Рашовиќ е уапсен под сомнение дека ја застрелал поранешната сопруга Бранка Петровиќ.

 

Во Херцег Нови утрово околу 6 часот во Ул. „Бригада Бокеске“, Б.Р. (47) од огнено оружје ја убил поранешната сопруга Б.П. (47), дознава порталот „Ден“ од ОКЦ.

Според црногорските медиуми, осомничениот по делото и се предал на полицијата, а истрагата е во тек.

27.06.2022 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега