Бизарна несреќа во Македонија: Такси се придвижило и прегазило малолетничка

Во 15,00 часот било пријавено дека во Крива Паланка на улицата “Свети Јоаким Осоговски“, 22-годишниот С.С. од Крива Паланка управувајќи такси возило застанал пред маркет со цел во такси возилото да влезат Ѓ.А.(52) и 15 годишна малолетничка од Крива Паланка.

Во еден момент возилото тргнало нанапред при што со задното тркало преминало преку левото стапало на малолетничката која стоела до задната врата на возилото.

С.С. веднаш застанал и откако влегле во возилото  ги превезол до нивниот дом, а подоцна тие се упатиле во Здравствен Дом во Крива Паланка каде од страна на лекар и била констатирана повреда.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.01.2020 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега