Close Menu
Press24
    Најново

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Серија апсења низ Македонија

    17.10.2026 во 13:54

    Времето денеска покажува заби: Само 2 степени измерени во 14 часот

    17.10.2026 во 14:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ноќни сообраќајни контроли во Скопје: Мортус пијани „паѓале“ во раце на полицијата
    • Полицијата тресе низ цела Македонија – извршени 47 претреси, приведени 16 лица
    • Голема полициска акција низ Македонија – приведени 25 возачи
    • Какво време не очекува утре и во текот на неделата – доаѓа пресврт
    • Двајца се обиделе да избегаат преку ГП Блаце, по што биле запрени, третиот избегал во Косово – ОЈО со детали за обидот за убиство во Скопје
    • Рација на МВР во 60 кафулиња, дискотеки и казина – апсења и затворени локали
    • 35-годишник со „бмв“ прегазил пешак во Липково
    • Тинејџерка од Куманово со „ауди“ излетала од пат, тешко повредена сопатничката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бизнис Арена 2026: Како вештачката интелигенција како глобален предизвик влијае врз домашните комапнии?

    Бизнис Арена 2026: Како вештачката интелигенција како глобален предизвик влијае врз домашните комапнии?

    14.10.2026 во 18:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вештачката интелигенција веќе го менува начинот на кој работат компаниите, а со тоа се менува и иднината на работните места.

    Додека за едни е можност за побрз развој и поголема конкурентност, за други отвора дилеми околу замената на човечкиот труд.

    Како овој глобален предизвик влијае врз локалните бизниси, беше главна тема на овогодинешната конференција „Бизнис Арена“, со фокус на можностите што ги носи новата технологија, но и предизвиците со кои се соочуваат домашните компании во нејзината примена.

    „Секоја промена на луѓето им доаѓа неочекувано и пружат отпор. Но, според мене секоја работа ќе биде заменета, ќе дојде друга работа. Но знаете како сите јас што ги познавам во бизнис користат AI, но едноставно го користат за подобрување на процесот. Никој од тие луѓе што го почнале отпочеток да го користат, немаат некакви проблеми околу тоа“, изјави Ивона Трајановска, претседателка на Здружение на млади претприемачи и организатор на Бизнис Арена.

    Но, колку навистина се подготвени компаниите да го заменат човечкиот труд со вештачка интелигенција? Ги прашавме бизнисмените, дали автоматизацијата ќе значи и отпуштања.

    „Можностите да се супституира работната сила со вештачка интелигенција веќе постојат. Не сум сигурен дека треба брзо да одиме кон тоа. Мислам дека тоа треба да остане долгорочен процес во планирањето на компаниите, затоа што секоја брза промена носи отпор. Сепак, ќе треба да се остави алтернатива на таа технологија, односно поставеност во која живи луѓе ќе имаат контрола врз процесите“, изјави бизнисменот Роберт Зимбаков.

    Сепак, примената на вештачката интелигенција не се имплементира брзо и веднаш.

    „Досегашното искуство ни е дека не оди сè толку мазно со ВИ како што сите очекуваме. Не е тоа магична алатка со која ќе се решат сите проблеми. Меѓутоа, веќе е застапена во повеќе делови во фирмата, а очекуваме целосно да биде имплементирана следната година“, додаде Зимбаков.

    Домашните компании користат дигитални алатки, но не доволно  ВИ во развојот на самите фирми, покажува анализата на Министерството за дигитална трансформација.

    „Компаниите да вложуваат во дигитализација. Да не го сфаќаат тоа како трошок, туку како инвестиција. Оние компании коишто нема да вложуваат во дигитална трансформација, во напредна употреба на ВИ и обука на својот кадар ќе бидат компании кои нема да напредуваат растат, и ќе ги нема за 10 години“, порача Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

    Конференцијата Бизнис Арена собра домашни бизнис лидери, меѓународни експерти и претставници на институциите кои дебатираа на тема конкурентноста, европските пазари и градењето брендови.

    Прочитај повеќе

    Ноќни сообраќајни контроли во Скопје: Мортус пијани „паѓале“ во раце на полицијата

    18.10.2026 во 16:04

    Полицијата тресе низ цела Македонија – извршени 47 претреси, приведени 16 лица

    18.10.2026 во 15:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.